Стигна потврда и од Милан: Паоло Малдини и неговиот син имаат коронавирус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Директорот на Милан, Паоло Малдини и неговиот син, Даниел се позитивни на тестовите за коронавирус.

Тоа го потврдија и од Милан од каде објавија дека вчера било извршено тестирање по кое стигнале резултатите кои за жал биле позитивни.

„Милан п отврдува дека Паоло Малдини, техничкиот директор на клубот бил свесен дека стапил во контакт со лице кое било позитивно за коронавирусот и почнал да покажува симптоми и самиот. На него вчера беше извршен тест, а резултатот беше позитивен. Неговиот син Даниел, напаѓач во младинскиот итм на Милан исто така е позитивен. Паоло и Даниел се добро и веќе комплетираа две недели во изолација без да контактираат со други лица. Тие сега ќе останат во карантин додека не закрепнат“ –стоеше во соопштението на Милан.