Никогаш поболен пораз на Билиќ, Спарси силни, Арсенал од пенал до победа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неверојатен пораз доживеа Вест Хем во 4 коло од Премиер лигата. Избраниците на Славен Билиќ се поразени ов Вотфорд со 4:2, иако имаа водство од 2:0.

Тргна добро по Чеканите. Со погодоците на Антонио поведоа со 2:0, но во финишот на првиот дел гостите постигнаа два гола за резултат од првите 45 минути (2:2). Вотфорд во продолжението ја доврши работата со головите на Капуе и Холебас за победа од 4:2.

Арденал го победи на Емери Саутемптон со 2:1. Гостите поведоа со несреќниот автогол на Чех, а со прекрасен погодок Кошчелни погоди за 1:1.

Победата на Топџиите ја донесе Казорла од пенал во судиското продолжение.

Тотенхем како гостин го декласираше Стоук Сити со 4:0. Сон постигна два гола, а во стрелците за сапишаа и Али и Кејн.

Во останатите мечеви постигнати се следните резултати:

Бурнмут – ВБА 1:0, Мидлзборо – Кристал Палас 1:2.