„Верувам дека можеме да го победиме Јуве“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчите на Интер во неделата ги освоија трите бода кај Пескара во натпреварот од 3 коло од италијанската Серија А.

Избраниците на Франк Де Бур славеа во драматична завршница со 2:1, а играч на овој натпревар беше Мауро Икарди кој ги постигна двата гола.

Играчите на Интер веќе денеска размислуваат за наредниот натпревар на домашен терен кога на Меаца го дочекуваат Јувентус.

Фудбалерот кој одработува „валкана“ работа на теренот, Гери Медел, верува дека неговата екипа во недела може да го совлада актуелниот шампион на Италија.

„Нашата главна цел е да избориме Лига на шампиони. Имаме добра екипа и сите веруваме дека можеме тоа да го оствариме. Сега ни доаѓа Јуве и јас верувам дека можеме да ги победиме. Ова е големо дерби на Италија и се надевам дека ќе имаме голема поддршка“, рече Медел.