Љубителите на фудбалот дојдоа на своето: Тргнува најелитното натпреварување, неколку претенденти на врвот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новата сезона на фудбалската Лигса на шампионите, 25 по ред, вкупно 62, доколку се земе во предвид и некогашниот Куп на Шампионите, почнува вечерва.

За најпрестижниот клупски трофеј на планетата ќе се борат, како и обично, 32 тима.

Титулата ја брани Реал Мадрид, а првата вечер во центарот на вниманието ќе биде гостувањето на Арсенал на Паркот на Принцивите против ПСЖ како и дуелите Барселона – Селтик, Манчестер Сити – Борусија Мехенгладбах и ПСВ Атлетико Мадрид.

Новиот тренер на францускиот шампион Унаи Емери прв пат во кариерата ќе ги предводи Парижаните во елитното натпреварување, додека од друга страна Арсен Венгер ќе ја започне 19 сезона по ред во Лигата на шампионите со Топџиите.

„Би било убаво да стартуваме со победа. Арсенал има силен тим, доста искуство во ова натпреварување, но верувам дека можеме до триумф“, порача Емери.

Истовремено, Барселона на Ноу Камп, после шокантниот пораз од Алавес, ќе игра против Селтик, кои се на крилја после убедливата победа во големото дерби против Ренџерс.

„Лигата на шампионите е натпреварување каде што грешките скапо се плаќаат и од почеток сакаме да тргнеме на најдобар начин. Нашите амбиции секогаш се многу високи“, рече тренерот на Каталонците Луис Енрике.

Пеп Гвардиола против Борусија од Мехенгладбах ќе проба да ја забележи и седмата победа од почетокотот на сезоната на клупата на Граѓаните, а во тимот му се враќа и одличниот Серхио Агуеро.

Дебитантот Ростов гостува кај Баерн, а чија клупа по прв во Лигата на шампионите ќе седи Карло Анчелоти, тројниот освојувач како тренер (два пати со Милан и еднаш со Реал).

Конечно, актуелниот вицешампион, гостува во Ајнховен, против ПСВ, која екипа ја елиминира во минатата сезона во осмина финалето, дури после изведување на пенали.

Интересно треба да биде и во Португалија, каде што Бенфика го дочекува Бешикташ, и во Киев во дуелот Динамо и Наполи.

Многумина сметаат дека Барселона е најголем фаворит, со Баерн и Реал. Тука секако се и Јувентус, ПСЖ, Атлетико, Манчестер Сити, додека ќе биде многу интересно да се види колку можат Наполи и Лестер.

Сите натпревари се играат во стандарниот термин од 20:45 часот.