Каталонците тврдат: Фиго уште лаже


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Некогашниот фудбалер на Барселона и Реал Мадрид, Луис Фиго, повторно одлучи да проговори за неговиот “забранет” трансфер.

Фиго во 2000 година направи нешто, што никој неможеше да го замисли.

Португалецот одлучи да ја напушти Барселона и да го засили Реал Мадрид.

Иако долго време молчеше за тоа, Фиго одлучи да ја открие својата тајна за трансферот во кралскиот клуб.

“Никогаш ништо не реков лошо за Барселона после моето заминување. Додека играв таму се чувствував  многу добро и уживав во тие пет сезони. На крајот разговарав со претседателот на клубот за нов договор, а тој беше убеден дека ќе ја прифатам понудата на Реал Мадрид, бидејќи ми понудија многу повеќе пари. Отидов таму бидејќи видов дека ме почитуват многу повеќе, не поради парите”,рече Фиго.

После неговата изјава за мадридски Ас, се огласија и каталонските медуими.Тие му порачаа на Фиго дека сеуште лаже и се обидува на некој начин да се оправда пред навивачите на Барселона.

“Фиго сеуште лаже”. Секако дека замина поради пари, тоа беше причината. Сега се обидува на навивачите на Барселона да им продаде некоја тажна приказна, со цел тој да испадне жртва во сето тоа”