РАСФРЛУВАЊЕ: Ги платија 500 милиони евра, а реално вредат околу 300 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англичаните доминираа во претплатување во летното засилување покажаа студиите.

Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо го претплатија летото Пол Погба за рамно 15 милиони кога го ова лето го соборија светскиот рекорд.

Погба (23) се врати на Олд Трафорд од Јувентус во мултимилионски трансфер вреден 105 милиони евра во минатиот месец. Меѓутоа, според тврдењата на ЦИЕС фудбалската опсерваторија, која се наоѓа во Швајцарија, популарниот англиски клуб го претплати своето најскапо засилување.

Но, не е Погба апсолутен победник во ова лето меѓу Англичаните веќе тоа е црномурестиот стопер Ерил Бејли кој стигна од Виљареал за 38 милиони евра, а според тврдењата на опсерваторијата е претплатен дури 23 милиони евра.

Купувањето на фудбалерот од Брегот на Слоновата коска спаѓа во втора најпретплатена инвестиција во целиот европски фудбал во ова лето, а првото место суверено го држи Гонзало Игуаин со трансфер вреден 90 милиони евра од Наполи во Јувентус каде што старата дама претера за 30 милиони евра.

Споменатата организација направи студија базирана на статистички модел која ги пресметува клучните карактеристики на играчот како што се (годините, позицијата, должината на договорот), како и личните статистики со што се пресметува проценката на договорот.

Премиерлигашките доминираат во ова истражување, бидејќи ги завземаат дури осум од десет места.

Така на пример Евертон при трансферот на Јаник Боласи од Кристал Палас од 29 милиони евра го претплати играчот за 22 милиони евра, додека Арсенал претера за 21 милиони евра при купувањето на Гранит Џака од Мехенгладбах.

Претплатен и е Џон Стонс за кој играч Сити даде 20.3 милиони евра повеќе од реалната цена, како и Лирој Сане, кој е платен 14.5 милиони евра повеќе.

Челси истотака го прецени Давид Луиз кој го платија 20 милиони поскап од реалната цена на Пари Сен Жермен, Маркос Алонсо од Фиорентина на кого потрошија 18 милиони евра повеќе, како и  Мичу Батшуаји на кој играч платија 10.5 милиони повеќе.

Вкупната оштета издвоена за споменатите играчи изнесува речиси 500 милиони евра, додека сумата која е плетплатена на нив достигнува бројка од 200 милиони евра.

Значи, сите заедно реално вредат околу 300 милиони евра, но…