„Нема подобар од Зидан“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго истакна дека верува оти  Зинедин Зидан е најдобар тренер на светот откако во јануари го превзеде мадридски Реал.

Поранешниот соиграч на Зидан истакан дека после триумфот во Лигата на шампионите, францускиот стручнак може да донесе уште многу успеси на кралскиот клуб.

„Нема подобар од Зидан откако е именуван за тренер на Реал. Кога ќе помислите што се постигна, тоа е неверојатно. Стигна на половина на сезоната, ја освои ЛШ и беше блиску до титулата во Примера, иако во еден момент Барселона беше многу далеку. Фантастично е се што постигна“, рече Фиго.

Реал одбраната на титулата во ЛШ ја почнува во среда од 20:45, кога на стадионот Сантијаго Бернабе, го дочекува Спортинг, клуб во кој Фиго ја започна својата кариера.