Реал на стаклени нозе ја продолжи традицијата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид ја продолжи традицијата во Лигата на шампионите.

Иако Галактикосите губеа од 47 минута од мечот во првото коло на најелитното клупско натпреварување од Спортинг, Роналдо и друштвото се одлучија да приредат изненадување.

Домашните навивачи, нерви кинеа се до 89 минута, а тогаш слободен кој маестрално го изведе Кристијано Роналдо, и го доведе Реал до израмнување.

Сепак, резервистата Мората, се одлучи во 94 минута од дуелот да ја запечати судбината на тимот од Лисабон.

Со овој погодок, Шпанците ја продолжија историјата. Имено, Реал Мадрид е тим кој никогаш во историјата на играњето на Лигата на шампионите не го изгуби првиот меч во групата, иако тоа се до последната минута беше извесно.

Досега, остварија 45 победи и две реми.