НЕВОЗМОЖНО: Кој ли сега ќе може да го купи Герет Бејл?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Велшанецот по доаѓањето од Тотенхем полека, но сигурно прерасна во еден од најдобрите играчи во тимот, а со Роналдо е сигурно еден од главните играчи на „кралевите“.

Па поради тоа, Бејл одлучи да побара нешто подобар договор, а во клубот се подготвени да му ја исполнат желбата и наскоро да ја официјализираат новата соработка, според кој Велшанецот ќе остане лојален на Реал уште неколку сезони.

Познатиот весник „Guardian“ тврди дека новите примања на Бејл ќе бидат во рангот на Роналдо, а неговата клаузула во договорот ќе изнесува 500 милиони евра, со што Реал ќе биде сигурен дека никој клуб во меѓувреме нема да го купи.

Сепак, како што одминува времето, гледаме дека во фудбалот се вртат големи суми на пари, па така ништо чудно богатите Кинези или Арапи да потрошат толку многу пари за еден играч.