„Среќата ја прават мали работи“


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    И покрај поразот на Мастерсот во Шангај од Гофин, Дел Потро вели дека повторно ужива во ситници.

    „Што се однесува до  мене, ова беше одлична сезона. Се трудам на најдобар начин да се вратам на турнејата по големите проблеми со повреди. Ова е само еден натпревар. Мило ми е што имав шанса да заиграм на овој турнир.“

    „Се надевам дека ќе можам да играм подобро на наредните 2 турнири. Пред нас се многу возбудливи турнири, а за мене тоа е шанса да ја поправам играта и рејтингот.“

    „Не е лесно да се патува и да се поминува многу време надвор од дома. Сепак, среќен сум што сум во можност повторно вака да живеам.“