Финалето помеѓу Кливленд и Голден Стејт најгледано во историјата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Финалната серија во НБА лигата помеѓу Кливленд и Голден Стјет е најгледано финале уште од финалето во 1998 година, соопшти компанијата “Нилсен”.

Кошаркарите на Кливленд ја освоија нивната прва титула во НБА лигата, откако ноќта помеѓи недела и понеделник го совладаат тимот на Голден Стејт со 93:89 и во финалната серија славеа со 4:3.

Натпреварот помеѓу Кливленд и Голден Стјет во просек го следеле 20.2 милиони гледачи, додека седмиот натпревар бил гледан од 30.1 милион гледачи.

Претходната недела најгледана беше серијата од големото финале на НБА лигата во 1998 година кога Мајкл Џордан со Чикаго ја освои својата шеста титула.

Покрај играчите и навивачите на Кливленд од финалето оваа година задоволна беше и телевизијата АБЦ која пренесува дека од пренесот на финалната серија заработила 295 милиони долари.