Џеф Тиг во Пејсерс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Атланта Хокс го испрати Џеф Тиг во Индијана Пејсерс.

Иако Тиг беше еден од најдобрите кошаркари на Атланта, Хокс го трејдуваа за првиот пик на денешниот драфт, а во размената учествуваше и Јута Џез.

Клубот од Солт Лејк Сити во овој трејд го доби Џорџ Хил кој зад себе остави добра сезона во Пејсерс.

Минатата сезона Тиг имаше учинок од 16 поени по натпревар, а 7 сезони помина во овој клуб.

Бидејќи и Ал Хорфорд ќе ја напушти Атланта, Хокс ќе изгледаат подруго во однос на минатата сезона, но сигурно дека во текот на летото ќе се обидат да доведат некоја голема НБА ѕвезда.