Калкулации – На кого може Јунајтед во наредната фаза од ЛЕ?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Конечно е завршена есента во Европа, а ова се учесниците во наредната рунда во Лига Европа.

Во наредната рунда од ЛЕ се пласираа 32 тимови, ќе бидат поделени во два шешири.

Шеширите се поделени така што во наредната рунда не можат да се сретнат тимови од иста група во ЛЕ, значи истото правило како во ЛШ, како и дека не можат да се вкрстат клубови од иста земја.

Во првиот шешир се наоѓаат 12 првопласирани тимови од групната фаза како и четирите најдобри третопласирани тимови од ЛШ, што во оваа година се – Копенхаген, Лион, Тотенхем и Бешикташ.

Во вториот шешир се наоѓаат 12 второпласирани екипи, и четири најлошо пласирани екипи од групната фаза на ЛШ, односно – Легија, Лудогорец, Борусија Мехенгладбах и Ростов.

Преостана уште само да се одигра еден натпревар од ЛЕ меѓу Сасуоло од Генк, кој е одложен поради лоши временски услови. На Генк е потребен бод да го сочува првото место во групата Ф.

Тоа што најмногу ги интересира љубителите на фудбалот ширум Европа, каде во оваа приказна се наоѓаат гигантите, пред се Манчестер Јунајтед, како и Рома, Тотенхем и Шахтјор кои по многумина важат за фаворити.

Манчестер Јунајтед како второпласиран тим се наоѓа во вториот шешир, па во наредната рунда може да го извлече – Ајакс, АПОЕЛ, Бешикташ, Копенхаген, Лион, Османлијспор, Рома, Шалке, Шахтјор, Спарта, Сент Етјен или Зенит, значи не може да ги добие Тотенхем и Фенербахче.

Ова се шеширите:

Повластени: Ајакс, АПОЛ, Бешикташ, Фиорентина, Копенхаген, Лион, Османлијспор, Рома, Шалке, Шахтјор, Спарта, Сент Етјен или Зенит, Тотенхем и Фенербахче.

Неповластени: Андерлехт, Астра, АЗ Алкмар, Селта, Гент, Хапоел Бер Шева, Краснодар, Легија, Лудогорец, Манчестер Јунајтед, Борусија Мехенгладбах, Олимпијакос, ПАОК, Ростов и Виљареал.