Заборавениот Михтаријан човек на одлука – Јунајтед минимално против Тотенхем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа со 1:0 против Тотенхем во натпревар од петнаесетото коло од ПЛ.

На стартот на натпреварот Погба шутираше, но Лорис одбрани. Погодокот го видовме во 29-та минута кога Андер Ерера му асистираше на Хенрик Михтаријан кој погоди за водство на ѓаволите. Лорис неколку минути подоцна му одбрани шут на Ибрахимовиќ. Од слободен удар во второто полувреме Пол Погба ја погоди стативата. Само минута подоцна Погба повторно се закани по голот на Лорис кој овој пат одбрани. Ериксен имаше шанса за погодок од слободен удар, но неговиот шут заврши во рацете на Давид Де Геа. На крајот фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа минимално.

Манчестер Јунајтед во следното коло му гостува на Кристал Палас, а Тотенхем на домашен терен ќе го пречека Хал.