Манџукиќ само смета на теренот, треба да го продадат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ е во центарот на вниманието после победата на Јувентус против Торино од 1:3.

Манџукиќ го напушти теренот во 71-ва минута и после измената бурно реагираше, а по реакцијата јавно се извини.

Ден после натпреварот, многу одлучија да дадат коментар за Манџукиќ, а најдалеку замина легендарниот напаѓача на Рома, Роберто Пруцо.

„Неговото однесување при измената нема да го коментирам, а тоа е една од причините поради која Јувентус треба да го продаде. Искрено, Дибала е многу подобар фудбалер од него“, изјави Пруцо.

„Да го нема Манџукиќ, Игуаин оваа сезона би постигнал 20 погодоци. Тој само смета на теренот бидејќи Јувентус има многу подобри фудбалери од него. Да ме прашаат од Јувентус, Манџукиќ ќе му понудам на Наполи во замена за Каљехон и тоа во јануари. Нема смисла долго да се чека. Кога Каљехон би играл наместо Манџукиќ, Јувентус ќе биде пеколен тим.“