Кристијано Роналдо добитник на Златната топка во 2016-та година


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ја освои Златната топка за 2016-та година доделена од Франс Фудбал.

Кристијано Роналдо ја освои Лигата на Шампионите и суперкупот на Европа со Реал Мадрид и Европското првенство со Португалија.

УЕФА го прогласи за најкорисен фудбалер минатата сезона во ЛШ во која беше и најдобар стрелец.

Роналдо по четврти пат ја освојува Златната топка, втор пат во изборот на новинарите од континентот на францускиот Франс Фудбал.

Поради тоа што е со Реал Мадрид на светското клупско првенство во Јапонија, португалецот не можеше да присуствува на доделувањето.

ФИФА се издвои од оваа награда од кога стигна Инфантино на претседателската позиција, а церемонијата ќе се одржи во јануари во Цирих. Финалисти се Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Антоан Гризман.