„Не размислуваме за Мото 3“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спортскиот директор на Дукати, Пауло Киабати изјави дека таа фабрика не ја интересира Мото 3 категорија.

„Мото 3 е интересен, имаме планови на долг период, но не и на краток. Сигурно нема да се случи од наредната година, но од 2018-та година можеби ќе имаме мотори и во Мото 3.“

Тој призна дека средствата ќе бидат насочени да се обезбеди добар мотор за Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо.

„Секако, тоа е нешто за што се бориме, сакаме да го освоиме првото место и не ги криеме нашите амбиции. Ќе дадеме се од себе за да им обезбедиме врвен мотор.“