Легенди од 1970-2020: Борг, Лендл, Сампрас, Федерер, Ѓоковиќ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ е најдобар играч во оваа деценија, иако до нејзиниот крај останаа уште три години, смета Џереми Екстин.

Ѓоковиќ има 11 Грен Слем титули и 223 недели на првото место во светот, а покрај тоа е единствен играч во Опен ерата заедно со Лејвер кој ги имаше во своја сопственост сите четири најголеми трофеи.

Со ваквото сметање Рафаел Надал е најоштетен, кој сите свои успеси ги постигна во првата и втората деценија на 21-от век.

`70 – Бјорн Борг

Првата деценаја на професионализмот започна со искусни ѕвезди и младиот Џими Конорс, но Борг го превзема врвот и освои по 4 трофеи на Ролан Гарос и Вимблдон.

Конорс помина 251 недела на врвот, за разлика од 33-те на Борг, но Швеѓанецот беше тој кој ја одбележа деценијата и се повлече од тенисот во 26-та година.

`80 – Иван Лендл

Се бореше со Борг, Конорс и Мекинро во првата половина на деценијата, но од својот прв Грен Слем во 1984-та година беше несопирлив во втората половина на деценијата, во која скоро цело време беше на првото место, односно 238 недели.

Покрај тоа Лендл освои и 7 Грен Слем титули, колку и Матс Виландер, но Швеѓанецот само 20 недели беше прв и вкупно освои 32 титули, за разлика од 83-те на Лендл.

`90 – Пит Сампрас

Ривалството помеѓу Сампрас и Агаси го одбележа тенисот во 90-те, а Пит освои 12 Грен Слем титули, 7 повеќе од Андре во тој период.

Покрај тоа, Сампрас 6 години во низа беше прв на крајот на сезоната, а вкупно 276 недели.

`00 – Роџер Федерер

Нема сомнеж – Федерер освои 15 Грен Слем титули, вкупно во таа деценија беше прв 263 недели и од Вимблдон 2003 до Австралијан Опен 2010 година доминираше со светскиот тенис.

Негов најголем ривал беше Рафаел Надал, кој освои 6 Грен Слем трофеи во тој период.

`10 – Новак Ѓоковиќ

Од 2011 година започна ерата на Новак Ѓоковиќ, кој од тогаш освои 11 Грен Слем титули. Последниот Грен Слем на Надал дојде во 2014-та година во Париз, а вкупно 6-ти во деценијата и поради тоа тој е втор во оваа конкуренција.

Во следните три години тој би можел да биде загрозен само од Мареј и Вавринка кои имаат по три трофеи, а тоа значи дека еден од нив би требало да ги освои 8-те од наредните 12 Грен Слем турнири за да се израмнат со Ѓоковиќ.