Поранешниот шампион на Вимблдон е нов тренер на Раониќ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Канадскиот тенисер Милош Раониќ наскоро ќе ангажира нов тренер, медиумите пренесуваат дека станува збор за поранешниот шампион на Вимблдон, легендарниот Ричард Крајичек.

Крајчек би требало да го наследи Карлос Моја, кој минатиот месец ја заврши соработката со Раониќ.

Третиот тенисер во светот ќе се сретне со 45-годишниот Ричард за да договорат соработка за наредна сезона.

Тие двајца веќе беа во контакт во текот на оваа година, но не можеа да ги договорат условите за соработка во текот на сезоната на трева.

Раониќ потоа побара помош од Мекинро, кој го однесе до финалето на Вимблдон.