„Немаме големи очекувања за 2017“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден член на управата на Хас тимот, Гинтер Штајнер призна дека нема големи очекувања за наредната сезона.

Хас имаше солидна дебитантска сезона во најбрзиот караван во светот, но најмногу благодарение на Ромејн Грожан, кој ги освои сите бодови.

Естебан Гутиерез не освои ниту еден бод, поради што не му беше продолжена соработката, а во тимот ќе вози сега Кевин Магнусен.

„Не очекувам ништо големо. Очекувам 5 или 10% подобро возење, односно очекувам 20 или 30 бодови повеќе од минатата сезона. Не знам што да ви кажам, не знам што да очекувам, можам да ви кажам дека ќе дадам се од себе.“