Напад врз Квитова: „Среќна сум што останав жива.“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Петра Квитова утрово беше нападната во својот дом во Чешка.

Квитова беше нападната од непознат маж кој и ја повредил раката.

Многумина ги загрижи овој напад, а таа преку друштвените мрежи објави дека нејзината состојба е стабилна.

„Човек со нож ме нападна во мојот дом. Во обид да се одбранам ми ја повреди левата рака. Сеуште ми е страв, но среќна сум што сум жива.“

„Повредите се тешки, ќе морам да одам на специјалист, но ако знаете нешто за мене, тоа е дека сум силна и дека ќе се борам против ова. Им благодарам на сите за загриженоста.“

Да потсетиме дека таа оваа сезона ја заврши на 11-то место.