Борусија освои само бод против Аугсбург – Продолжи низата на непоразеност на домашен терен на милионерите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од шеснаесетото коло од Бундеслигата денес се одиграа четири натпревари.

Франкфурт го декласира Мајнц со 3:0. После осумнаесет минути игра Хргота ја затресе мрежата на гостите. Мајнц во второто полувреме остана со фудбалер помалку бидејќи директен црвен картон доби Кордоба. Во период од десет минути Баркок и Хргота кој го постигна вториот погодок на натпреварот ја обезбедија победата на Франкфурт.

Хамбургер на домашен терен го совлада Шалке со 2:1. Трите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Милер после еден час игра погодиза водство на Хамбургер. Џуру неколку минути подоцна промаши пенал. Во 82-ра минута Вуд го зголеми водството на домашните. Авдијај во финишот на натпреварот ги постави конечните 2:1.

Волфсбург се радуваше на гости против Борусија Менхенгладбах, 1:2. Само три минути после почетокот на натпреварот волците стигнаа до водство, стрелец Калигури. Торган Азар во второто полувреме го израмни резултатот, а пет минути подоцна Гомез погоди за ново водство на Волфсбург.

Борусија Дортмунд повторно разочара. Одигра нерешено на Сигнал Идуна Парк против Аугсбург, 1:1. Џи Донг Вон ги шокира навивачите на Дортмунд во 33-та минута кога погоди за водство на гостите. На стартот на второто полувреме Дембеле постигна погодок за израмнување, 1:1. Голманот на гостите беше најзаслужен што Аугсбург освои бод бидејќи во второто полувреме бранеше фантастично.