Хамес престојуваше во амбасадата: Трансферот е веќе договорен?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Хамес Родригез уште еднаш е во центар на внимание на колумбиските медиуми.

Откако го освои Светското клупско првенство со Реал Мадрид, тој стигна во Колумбија и подготвен е тука да остане.

Според медиумите, се одлучил на таков чекор затоа што сакал да помине време со семејството.

Исто така, се појави вест дека тој наводно престојувал во амбасадата во Богота за да добие виза за Англија. Тоа само ги засили шпекулациите дека тој ќе го напушти тимот.

Тој наводно неодамна го критикувал Серхио Рамос и веќе е отпишан од страна на тренерот Зидан.

Очигледно тој одлучил да го напушти Реал бидејќи не игра многу, а во ПЛ го очекуваат неколку тимови од врвот во Англија.