Австралијан Опен ги зголеми наградите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Организаторите на турнирот соопштија дека наградниот фонд за наредната година е зголемен на 36.2 милиони долари.

Станува збор за зголемување од 14% во однос на 2016-та година, а исто така важно е да се каже дека се израмнети наградите во женска и машка конкуренција, односно победникот ќе добие 2.68 милиони долари.

Интересен податок е наградниот фонд на првиот Грен Слем во сезоната кој е 3 пати повеќе зголемот впо последните 15 години.

Австралијан Опен се оддржува од 16 до 29 јануари, а титулите ги бранат Новак Ѓоковиќ и Анџелика Кербер.