Рома лесно со Киево, Каљари славеше во лудиот натпревар против Сасуоло, Габиадини го спаси Наполи од пораз на Артемио Франки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од осумнаесетото коло од Серија А се одиграа уште шест натпревари.

Рома на Олимпико го совлада Киево со 3:1. Де Гузман ги шокира навивачите на римската волчица во 37-ма минута. Во судиското продолжение од првото полувреме Ел Шарави постигна фантастичен погодок за израмнување. На почетокот на второто полувреме Един Џеко му донесе водство на Рома. Победата ја запечати Диего Пероти од пенал пред самиот крај на натпреварот. Во следното коло Рома му гостува на Џенова, а Киево на домашен терен ќе ја пречека Аталанта.

Луд натпревар одиграа Каљари и Сасуоло. Во овој натпревар славеше Каљари со 4:3. После четиринаесет минути игра Сау погоди за водство на Каљари. Во период од три минути Адјапонг и Пелегрини донесоа пресврт. Само една минута по погодок, Пелегрини доби директен црвен картон и го остави Сасуоло со десет фудбалери на теренот. Пенал во второто полувреме беше досуден за Сасуоло, а Ачерби беше сигурен од белата точка. Бориело неколку минути подоцна го намали водството на гостите. Од 73-та до 76-та минута домашните со двата погодоци на Фариас стигнаа до победа. Каљари во следното коло гостува на Сан Сиро против Милан, а Сасуоло на домашен терен ќе го пречека Торино.

Фиорентина на Артемио Франки ремизираше против Наполи, 3:3. Лоренцо Инсиње во првото полувреме постигна фантастичен погодок за водство на Наполи. Бернардески го израмни резултатот во 52-ра минута. Драјс Мертенс го врати водството на гостите, но една минута подоцна Бернардески го постигна вториот погодок на натпреварот за израмнување. Резервата Зарате му донесе водство на Фиорентина. Во финишот на натпреварот беше досуден пенал за Наполи, а Габиадини беше сигурен и му донесе бод на Наполи. Фиорентина во следното коло му гостува на Пескара, а Наполи на Сан Паоло ќе ја пречека Сампдорија.

Пенал ја спаси Пескара од пораз на гости против Палермо, 1:1. Куаисон го постигна погодокот за водство на Палермо на натпреварот во првото полувреме. Во финишот на натпреварот беше досуден пенал за Пескара, а Бираги погоди за израмнување и бод за својот тим. Македонскиот напаѓач Илија Несторовски ги одигра сите 90 минути, а исто така доби и жолт картон во првото полувреме. Александар Трајковски влезе во игра во 83-та минута на местото на стрелецот Куаисон.

Торино на домашен терен запиша минимална победа против Џенова, 1:0. Победничкиот погодок на натпреварот беше постигнат на почетокот на второто полувреме од Белоти. Горан Пандев влезе во игра во 74-та минута на местото на Нинковиќ. Торино во следното коло ќе му гостува на Сасуоло, а Џенова ќе ја пречека Рома.

Сампдорија на Луиџи Ферара одиграа без погодоци против Удинезе. Сампдорија во следното коло гостува на Сан Паоло кај Наполи, а Удинезе ќе биде домаќин на Интер.

 


R_C_1_1 by goloviliga