Ова е цената која Милан ја бара за Адријано


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Луиз Адријано е еден од поголемите промашувања на Милан во последните неколку години, а веќе во јануарскиот преоден рок може да го напушти клубот.

Напаѓачот од Бразил никако не се прослави во Милан, иако стигна како големо засилување.

Луиз Адријано во оваа сезона во Серија А одигра само 121 минута, што е премалку за да остане во Милан и во плановите на тренерот Винченцо Монтела.

Неговиот менаџер неколку пати за медиумите изјавуваше дека би сакал да го види својот пулен во Русија и дека таму Адријано го покажа она најдоброто што го знае, но Милан не сака туку така да се ослободи од него.

Росонерите бараат од 5 – 7 милиони евра, тој кој сака да го доведе овој напаѓач, може одма да уплати тие пари и да го води.

Наводно Спартак од Москва е заинтересиран за него.