Револт во Реал: Навивачите ја „бркаат“ ѕвездата од Мадрид


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Реал стигна како големо засилување и најдобар стрелец на Мундијалот во 2014 година.

Сепак, Хамес Родригез неспорната класа не ја потврди баш во Мадрид.

Колумбиецот во неделата дури отворено призна дека не е задоволен и дека сака трансфер во нов клуб.

Тоа сигурно го дочекаа со воодушевување многу гиганти, но многу е под знак прашање каде ќе заврши офанзивецот кој веќе долго не е во плановите на Зинедин Зидан.

Ги чинеше Кралевите неверојатни 80 милиони евра, тоа вложување не го оправда, а сега за значително помалку пари ќе го напушти клубот.

Најави заминување и излив на незадоволство поготово го навреди Серхио Рамос, кој отворено му порача дека тоа не се прави така.

Меѓутоа, не се најде само темпераментниот дефанзивец навреден, веќе и навивачите.

Имено, во анкетата на ценетиот Ас 25 000 гласачи одлучиле одлучиле дека повеќе не му е место во европскиот и светскиот клупски шампион.

Поточно 71 % од нив се изјасниле за заминување на Хамес, додека 29 % и понатака сакаат да го гледаат Колумбиецот во белиот дрес.

Арсенал, Манчестер Јунајтед и Челси желно го очекуваат Колумбиецот, во игра и Интер, а од денеска и Јувентус.

Сигурно е дека Флорентино Перез ќе биде многу на загуба, бидејќи гиганти се спремни да понудат „само“ 40 милиони евра.

Претседателот на Реал очекуваше 60тина, но за таа сума може само да мечтае.

Апсолутно е сигурно е дека тоа ќе биде уште еден пораз на Перез…