Оскар испрати порака до навивачите на Челси


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Оскар пред неколку дена го напушти Челси и својата кариера ќе ја продолжи во редовите на кинескиот Шангај.

Оскар на големо изненадување се одлучи да го напушти лондонскиот клуб, и да ја прифати богатата понуда од Кина.

Сините заработија околу 60 миолиони фунти, а бразилскиот фудбалер треба да стане еден од најплатените фудбалери на светот.

Иако го прослави својот 25 роденден се чини дека на Оскар приоритет е да осигура пари за својата иднина, отколку да се докаже на највисоко ниво на светскиот фудбал.

После заминувањето во Кина овој фудбалер ипрати порака до навивачите на Челси.

„Сакам да се заблагодарам на навивачите на Челси на поддршката. Ми беше чест да бидам дел од овој голем клуб со кој освоив неколку трофеи. Челси секогаш ќе има посебно место во моето срце“, порача новиот фудбалер на Шангај.