„Целта за наредната сезона е баланс“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанската тенисерка Габине Мугуруза изјави дека има само една цел за наредната сезона.

Таа оваа година ја започна сезоната на трето место, а заврши на 7 место, иако го освои првиот Грен Слем во кариерата, Ролан Гарос.

„Победата на Ролан Гарос беше најдобар и најлош момент во годината. Потоа ми беше тешко да играм на исто ниво, бидејќи сите очекуваа да доминирам.“

Баш поради тоа, таа бара баланс во 2017 година.

„Сакам да бидам постојана и балансирана тенисерка, не сакам да направам нешто од 22 години, па нешто од 25. Ако таа борба да бидам постојана ми одземе некои добар резултат во 2017-та година, тогаш така нека биде.“