„Ѓоковиќ сигурно ќе се врати на првото место“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Времето на Новак не е поминато, барем така вели Роџер Федерер. Иако Србинот го изгуби првото место на АТП листата, Федерер е сигурен дека тој повторно ќе се врати на врвот.

„Бев изненаден кога Мареј го превзема првото место, но секоја чест за Енди, бидејќи тој успеа да остане до крајот на сезоната на првото место.“

„Да се стана светски тенисер број 1 на една недела и да ја завршите годината како најдобар не е исто, а поради тоа заслужува голема почит.“

„Очекувам Новак да се врати на врвот наскоро. Ќе му биде многу тешко во наредните неколку месеци, поради се што освои на стартот во 2016 година.“

„Затоа мислам дека Енди ќе остане на врвот уште некое време. Но мора да видиме и кој ќе има подобра ситуација со здравјето.“

„Сигурно не очекува мртва трка во наредните шест месеци или една година.“

Федерер нема играно тенис уште од Вимблдон, но подготвен е за учество на првиот Грен Слем во сезоната, Австралијан Опен.