Легендарниот кошаркар ја активира опцијата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сан Антонио Спарс минатата сезона прерано го завршија плејофот и многу се сложија околу тој пораз во натпреварот број шест против Оклахома дека е последен на Тим Данкан на НБА паркетите.

Данкан кој влезе во четвртата деценија во животот ја избра опцијата во договорот која му носи уште една година договор со Спарс во која ќе заработи 5.6 милиони амерички долари.

Сезоната 2016/2017 ќе биде 20-та за Данкан во Спарс со кој освои 5 титули.

Но, иако на грбот носи преку 40 години следната сезона нема да биде најстар кошаркар бидејќи неговиот соиграч Андре Милер е постар од Тим 36 дена.