Фудбалери за кои не сте знаеле дека се во роднинска врска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многу интересни факти за познатите светски фудбалери кои не ги знаеме, но време е да ги прочитаме.

Колку пати сте виделе некои од нив да се поздравуваат пред натпреварот, а да не ја знаете причината.

Во продолжение може да прочитате кои играчи се во роднинска врска.

  1. Алекс Ивоби и Џеј-Џеј Окоча

Поранешниот играч на Болтон, Џеј-Џеј беше еден од најдобрите фудбалери на Нигерија од својата генерација. Беше познат по својата контрола на топката,беше брз, а дриблинзите му беа главен квалитет.

Многумина не знаеја дека тој е вујко на играчот на Арсенал, Алекс Ивоби.

  1. Хамес Родригез и Давид Оспина

Ако некогаш сте се запрашале зошто имаат добар однос Хамес и Оспина, сега ќе дознаете.

Џејмс е оженет со сестрата на Давид. Тој многу влијаел на тоа тие да се венчаат, бидејќи во прв момент неговите родители не го поддржувале Хамес.

„Мојата сестра рече дека почнала да се забавува со него. Реков на никој да не му кажува и дека може се да организираме.“

  1. Марк Видука и Лука Модриќ

Марк Видука и Лука Модриќ доаѓаат од исто семејство. Малку е познато дека Лука и Марк се роднини. Иако Видука е роден и пораснат во Австралија, неговиот вујко е од Хрватска и тие се во роднинска врска со Модриќ.

  1. Јаник Боласие и Ломан ЛуаЛуа

Стигнавме до уште еден роднински пар на нашата листа. Станува збор за Јаник Боласие и Ломан ЛуаЛуа кои се роднини. Двајцата настапуваа за Конго, а заедничко им е играњето во ПЛ.

Додека ЛуаЛуа беше член на Њукасл и Портсмут, Боласи пред Евертон, играше за Кристал Палас.

  1. Џон Тери и Пол Кончески

Тие двајца не се во крвна врска, но братот на Тери е оженет со сестрата на Кончески.

  1. Лерој Фер и Патрик Ван Анхолт

Тие двајца се роднини од Холандија кои играат во ПЛ. Еден е член на Свонси, а другиот на Сандерленд. Иако не живеат во близина, нивното пријателство е многу добро.

  1. Дидие Дрогба и Оливиер Тебили

Легендата на Челси, Дидие Дрогба е познат како еден од најдобрите напаѓачи во свое време.

Во случај да не знаете, тој е роднина на Оливиер Тебили, поранешен дефанзивец на Брегот на слоновата коска.