Манчестер Јунајтед ја доведува ѕвездата на Реал и тоа потполно бесплатно


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Жозе Мурињо со Манчестер Јунајтед не имаше очекуван почеток. Сепак, како што сезоната одминува екипата игра се подобро и подобро и е на врвот на англискиот фудбал.

Лигата на Шампионите и понатаму останува императив, а за пласман во најелитното натпреварување ќе бидат потребни и засилувања.

Голем број на играчи се поврзуваат со трансфер на „Олд Трафорд“, а последниот во низата е ветеранот на Реал Мадрид – Пепе.

Мурињо многу добро го познава својот сонародник, и покрај најавите за заминување во Кина, овој трансфер изгледа како раелен. Особено поради тоа што на Пепе договорот му истекува на лето, па на Островот би можел да пристигне бесплатно.

Право на преговори со Пепе клубовите имаат уште со почетокот на 2017. година бидејќи Португалецот ги брои последните шест месеци во европскиот шампион.

Би било интересно да го видиме Пепе во ист тим со Ибрахимовиќ и повторно во соработка со Мурињо. Сигурно е дека Јунајтед сака да создаде исклучително моќен тим.