Фабрегас постави импресивен рекорд во Премиер лигата, следи лов на Руни и Лампард


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во победата на Челси од 4:2 против Стоук Сити на „Стемфорд Бриџ“, Сеск Фабрегас ја нарпави 100. асистенција во Премиер лигата. Со што му асистираше на Вилијан во 65. минута за 3:2 водство на Сините.

Шпанскиот играч до овој успех стигна порано од играчите како Рајан Гигс, Франк Лампард и Вејн Руни.

Гигс е водечки асистент во историјата на Премиер лигата, му беа потребни 367 натпревари за да дојде до бројка од 100 асистенции, додека на Фабрегас му беа потребни 293 натпревари.

Велшанецот е најдобар аситент во историјата на Премиер лигата со 162 асистенции, а следуваат Лампард со 102, Руни со 101, Цеск со 100 и пети е Бергкамп со 94.