Блинд на нетипичен начин го октри заминувањето на соиграчот од Манчестер Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед сигурно ќе остане без крилниот напаѓач во зимскиот трансфер период.

Мемфис Депај се наоѓа во немилост под водство на Мурињо, Португалецот никако не му дава шанса, па разделбата е логично решение.

Неговиот соиграч и сонародник, Дејли Блинд јавно го советуваше Депај да ја промени средината, истакнувајќи дека добро за него би било да работи со Роналд Куман, а не со Мурињо.

„Мемфис мора да си замине во јануари. Тој повеќе не е дел од тимот и поради тоа мора да ја промени средината“, изјави Блинд.

„Дали ќе си замине кај Роналд Куман? Тој најдобро го познава, тоа може да биде од клучно значење. Евертон има добри играчи на крилните позиции, и таму ќе има голема конкуренција, но за него најдобро е да се обиде“, додаде Блинд.

Депај во Манчестер Јунајтед пристигна во летото 2015. година од ПСВ Ајндховен за 25 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.