„Го разбирам Хамес, нормално е да се лути!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид утре играат против Севиља во Кралскиот куп.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан зборуваше за трансфер шпекулациите кои во последно време се споменуваат. Најмногу зборуваше за Хамес со кој, вели дека има одличен однос.

„Хамес е играч на Реал и тоа многу важен. Со него се сложувам добро, како со останатите фудбалери. Јасно е дека ќе се лути кога не играше во финалето на светското клупско првенство“

„Тој сака да биде тука, во најдобриот клуб во светот. Јас го сакам и тука немам што повеќе да кажам.“

Исто така, тој ги демантираше и шпекулациите дека Пепе и Мората ќе го напуштата клубот.

Реал и Севиља играат утре од 21:15.