Стигна понуда, ако ја прифатат ќе имаме нов светски рекорд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кинеско лудило“ го зафати и габонскиот напаѓач Пјер Емерик Обамејанг.

Шангај СИПГ неодамна го доведе Оскар за 60 милиони фунти од Челси, а тимот кој го води Андре Виљаш Боаш има намера да доведе уште некоја ѕвезда на европскиот фудбал.

Според последните информации, Шангај нуди на напаѓачот на Борусија 41 милиони евра, додека Борусија од продажбата на првиот стрелец ќе заработи 150 милиони евра.

Доколку оваа понуда и официјално е испратена на адреса на германскиот клуб, тешко дека ќе ја одбие и можно е да се случи уште еден одличен играч да ја напушти Европа со цел во Кина да си обезбеди живот на себе и своите наследници.

Обамејанг во оваа сезона постигна 22 гола на 21 натпревари, но поради Африканскиот куп на нациите ќе ги пропушти наредните три натпревари.

Оскар, Карлос Тевез и Витсел прифатија богати понуди, а ќе видиме што ќе биде со Обамејанг.