Рели Дакар: Деспре нов лидер, крај за Прајс!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Возачот на Пежо, Сирил Деспре е нов лидер во Рели Дакар, по 4-та етапа возена од Сан Салвадор до Тупис во дожина од 521 км.

Шампионот на релито од 2005, 2007, 2010, 2012 и 2013 стигна до првата победа оваа година со време од 4 часа, 22 минути и 55 секунди.

Французинот беше побрз 11 минути од Мајк Хирвонен и Нани Роум.

Деспре го превзема првото место во генералниот пласман со четири минути предност во однос на Стефан Петерхансел.

Трката ја заврши Насер Ал Атија, поради проблеми со Тојотата.

5-та етапа се вози денес, од Тупис до Орура во должина од 692 км.

Во конкуренција на мотори, Матијас Вокнер беше прв, пред Бареде Борта и Метже.

Денот сепак го одбележа повредата на бранителот на титулата Тобијас Прајс, кој мораше да се повлече поради скршеница на левата нога.