Мурињо побара помош од Мендеш, тројца на мени


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сопственикот на Манчестер Јунајтед, Ед Вудварт пред неколку дена потврди дека црвените ѓаволи ќе се обидат да доведат неколку засилувања во зимскиот преоден рок.

После неговата изјава, англиските медиуми се обидоа да ги откријат метите на Јунајтед. Сан соопшти дека Вудварт побарал помош од Мендеш, еден од најпознатите агенти во светот.

Наводно, Жозе Мурињо на својата листа на желби има тројца фудбалери, а задачата на Мендеш е да доведе барем еден од нив во јануари. На листата се наоѓа фудбалерот на Бенфика, Виктор Линделоф кој е на чекор од Јунајтед. Клубот од Олд Трафорд за овој фудбалер би требало да плати 38 милиони фунти.

На листата на желби се наоѓаат уште двајца фудбалери, но нивното доведување е многу потешко. На мета на Јунајтед се португалскиот репрезентативец Фонте и колумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез.

Доаѓањето на Фонте од Саутемптон е многу пореална опција од доѓањето на Хамес од Реал Мадрид.

Мендеш моментално има задача на Олд Трафорд да ги доведе Линделоф и Фонте.