Со младите само реми – Ливерпул и Плимут ќе играат уште еден натпревар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул на Енфилд одиграа нерешено, 0:0 против Плимут во натпревар од 1/32 финале од ФА купот.

Овој натпревар ќе остане запаметен по тоа што црвените го извадоа најмладиот состав во историјата на клубот.

Црвените со младиот тим доминираа во текот на целиот натпревар. Во првото полувреме Ориги постигна погодок, но судијата не го призна бидејќи направил прекршок белгиецот.

Второто полувреме не донесе промена во однос на силите на теренот, но ниту на семафорот. Домашните до крајот на натпреварот имаа повеќе од 20 удари кон голот, но голманот на Плимут беше фантастичен и му донесе на својот тим уште еден натпревар.