Марсеј победи на продолженија, Ница отфрлена од купот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неколку натпревари од францускиот куп кој што е на програмата денеска се завршија, а изненадување на денот е поразот на Ница од Лориен.

Ница водеше со 1:0 до 70тата минута со гол на Пле постигнат уште во 43тата. Во 70тата Алиадер од Лориен изедначи на 1:1, за 5 минути подоцна Мислуб да ја затресе мрежата на Ница и со тоа да ги отфрли прерано од купот на Франција.

Марсеј на продолженија го совлада Тулуз во еден навистина тесен и интересен натпревар пред се. Во 48мата Кабела донесе водство за Марсеј но само 9 минути подоцна Дурмаз од Тулуз изедначи на 1:1, резултат кој го однесе дуелот во продолженија. Во продолженијата херојот на Марсеј беше Кабела повторно со гол во 107мата минута кој го донесе конечниот резултат на натпреварот во Тулуз.

Останати резултати:

Оксер – Троја 4:2

Клермонт – Бордо 0:1

Ленс – Мец 2:0

Сен Женевиев – Каен 0:3