Четири парчиња за Петерборо од Челси, Мидлзборо го елиминира Шефилд (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Челси славеа на Стемфорд Бриџ против Петерборо со 4:1 во натпревар од 1/32 финале од ФА Купот.

Петерборо издржа против Челси само 18 минути. Педро му донесе водство на сините.

Две минути пред крајот на првото полувреме Бачуаји го зголеми водството на Челси на асистенција на Лофтус Чик.

Челси на полувреме замина со водство од 2:0.

Во 52-ра минута нов погодок во мрежата на Петерборо. Педро асистираше, а Вилијан се запиша во листата на стрелци.

Џон Тери неколку минути подоцна доби директен црвен картон и Челси остана со фудбалер помалку на теренот. Три минути после добиениот црвен картон Николс го постигна единствениот погодок за Петерборо на натпреварот.

Петнаесет минути пред крајот на натпреварот Педро го постигна својот втор погодок на натпревар за конечни 4:1.

 

Мидлзбoро на Риверсајд славеше со 3:0 против Шефилд. Во првото полувреме мируваа мрежите. Лидбитер, Негредо и Де Рон ги постигнаа погодоците за победа на домашните и пласман во 1/16 финале. Мидлзбoро натпреварот го заврши со 10 фудбалери бидејќи црвен картон доби Ајала.