„Ботас може да ја освои титулата во Мерцедес“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот шампион, Мика Хакинен верува дека Валтери Ботас може да ја освои титулата во болидот на Мерцедес.

Тој ќе го замени Нико Розберг во шампионскиот тим, а се очекува потврда во текот на јануари.

„За него како возач, ситуацијата не може да биде подобра. Во најдобрите години преминува во најдобриот тим. Сега се зависи од него, како ќе се развие како возач и како личност, но сигурен сум дека може да ја освои титулата.“

Нико Розберг само 5 денови по освојувањето на титулата објави пензија, а местото на Ботас во Вилијамс ќе го пополни Фелипе Маса.