Овој податок ќе ги загрижи сите навивачи на Барселона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона во криза, после поразот од Билбао, едвај извлекоа бод во 17 коло од Примера.

После што во Купот на Кралот се поразени од Билбао, кој славеше со деветмина на теренот, следеше нов шок за приврзаниците на Блауграната.

Каталонската екипа ремизираше на гостувањето кај Виљареал и тоа само благодарение на мајсторијата на Лео Меси во последните минути.

Реал моментално им бега пет бодови, а Мадриѓаните имаат и меч заостанување, што значи дека можат да одат и на осум, што е веќе видлива разлика, посебно кога ќе го земеме фактот дека Реал фантастично ја отвори 2017 година, победувајќи ја Севиља во Купот со 3:0, а потоа избраниците на Зинедин Зидан ја декласираа и Гранада во Примера.

Еден од главните причини е слабата форма дефинитивно, да го нема Лео Меси, би биле далеку на полошо место.

Бразилската ѕвезда Нејмар, дефинитивно не личи на себе во последно време, бидејќи последен пат мрежата на ривалот ја погоди пред 11 натпреври, попрецизно во листата на стрелците не се запиша 975 минути!

Тоа значи дека дури два масеци Нејмар не успеа да го пронајде патот до мрежата на противникот, не погоди ни во ноември ни во декември.

Сепак, факт е дека тоа не му е еднинствена работа, но ни на полето асистенција Бразилецот не се истакна, бидејќи на минатите 11 меча запиша пет асистенции.

Барса е во криза, Нејмар сигурно не е единствен виновен за тоа, ќе видиме дали  Енрике можеби ќе го  плати цехот.

FC Barcelona’s Neymar, left, duels for the ball with Villarreal’s Mateo Musacchio during the Spanish La Liga soccer match between Villarreal and Barcelona at the Ceramica stadium in Villarreal, Spain, Sunday, Jan. 8, 2017. (AP Photo/Alberto Saiz)