Откриено! Алегри во голем конфликт со клубот, еве и поради што!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ситуацијата е лоша, иако Јуве има предност на врвот на табелата,. Што предивика конфликт меѓу трофејниот тренер и управата!

Конфликтот беше видлив во Доха, кога дојде до кавга после изгубениот Суперкуп.

Тренерот се расправаше со директорот Марота и шефот на скаутите Паратичи, а во еден момент на играчите им рече дека треба да „шутираат“.

Нормално, во неделата вечер Јувентус лесно ја победи Болоња во првиот меч во 2017 година, има +4 во однос на ривалите и меч помалку со Кротоне, замолчија приказните за заминувањето на Алегри, но тој рече дека учи англиски, но не планира заминување во Премиер лигата.

„Можеби, кога ќе ме избркаат од клубот“, рече некогашниот тренер на Милан, иронично.

Но, не го продолжи договорот, нема намера да остане, ако тоа не го направи, иако со обврска е врзан до 2018 година.

Што предизвика конфликт?

Не е тешко да се погоди, продажбата на Пол Погба.

Имено, Алегри бараше од клубот пред да го продадат Французинот да обезбедат замена за Погба, му било ветено дека ќе стигнат Матуиди и Витсел, а со Погба требаше да замине и Лемина.

На крајот, Погба замина, ПСЖ го блокираше Матуидо, а пропадна трансферот на Витсел кој во леото до последен момент чекаше Зенит да даде зелено светло.

Се е одложено за јануари, но Белгиецот ја прифати понудата од Кина, па Јувентус го доведе Ринкон од Џенова кој е сепак играч кој само го потполнува средниот ред.

Нов конфликт изби околу Евра. Клубот сака да го пушти Французинот, Алегри се спротивстави, ако замине Евра, останува Алекс Сандро како лев бек и Асамоа и Киелини кои веќе долго време не играат на таа позиција.

Во 3-5-2 не се баш употребливи како леви странички играчи што ги врзува рацете на тренерот.

Има уште еден проблем, после повредата на Дани Алвеш, десно остана Лихштајнер кој често паузира поради картони, а и нее повеќе во годините да игра во секој меч.

Останува Квадрадо, кој не е за 4-4-2 формација, неупотреблив како десен бек.

Поради се тоа Алегри е лут наводно на Марота, во клубот сега го стопираа Евра додека не видат дали можат на шест месеци пред истекот на договорот да го доведат Колашинац од Шалке.

И самиот клуб му замерува на Алегри на третманот на играчите, пред се на Дибала, но и на изгубеите мечеви од Интер и Милан. Тие веруваат дека овој тим на Јуве треба да се прошета низ првенството, а јасно е дека судвината на Елегри зависи од ЛШ.

Спремен е наводно и нов тренер, фаворит да го наследи Алегри е Пауло Соуса, а како се ќе заврши ќе видиме.

Ни шестата титула во низа нема да го спаси Алегри, ако Јувентус не направи ништо значајно во ЛШ.

Ќе видиме и што ќе се случи до крајот на јануари, во клубот молчат, се чека евентуална продажба на Лемина со цел да стигне уште еден игграч за врска, а повторно, нема вистински решенија на пазарот…