Пелистер доведе ново засилување – Бразилски напаѓач


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот прволигаш, Пелистер се засили со бразилскиот фудбалер, Фернандо Силва Дос Сантос.

Фернандо игра на позицијата напаѓач и е нов фудбалер на битолскиот клуб.

Кариерата овој фудбалер ја почна во Калденсе, а потоа се пресели во АБЦ. Има играно во соседна Бугарија за Славија Софија, а потоа следуваше трансфер турски Санлиурфаспор. Во Пелистер пристигна од бугарскиот клуб Монтана.

Со доведувањето на овој бразилски фудбалер се зголеми колонијата во Пелистер на бразилци на тројца. На почетокот на оваа сезона во битолскиот клуб пристигнаа Лукас и Фернандо.

Пелистерци моментално се на подготовки во Охрид каде ќе останат до 22-ри јануари. Првиот припремен натпревар ќе одиграат против Шкендија на 18-ти јануари, а еден ден пред натпреварот со тетовскиот клуб ќе пристигне во Охрид најновото засилување, Фернандо Силва Дос Сантос.