Нема повеќе место во Хас: Гутиерез замина во Формула Е


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мексиканскиот возач Естебан Гутиерез ќе ја продолжи кариерата во Формула Е, каде ќе вози „одреден број на трки“.

Тој и понатаму се надева на ангажман во Ф1, но од ден во ден се помали се шансите за такво нешто. За Гутиерез немаше место во Хас тимот, бидејќи не освои ниту еден бод.

Се веруваше дека ќе се пресели во Манор, но по се изгледа дека тимот ќе банкротира.

Гутиерез ќе вози неколку трки, а сеуште не објави за кој тим во Формула Е, која е се популарна од недела во недела.

Тој шампионат во моментов е до 3-та трка, која ќе се вози во Буенос Аирес на 18-ти февруари.