„Ле Ман е пореален од Формула 1“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Возачот на Дукати, Хорхе Лоренцо изјави дека неговото појавување на трката „24 часа Ле Ман“ би било многу пореално да го видат, отколку во болид на Ф1.

Неговиот тест на болидот на Мерцедес предизвика шпекулации дека тој би можел да седне во болидот некој ден, но тој во разговори за медиумите изјави:

„Пореално е да ме видите на 24 часа Ле Ман, отколку на Ф1. Не би можел да стигнам до максимумот во Ф1 од повеќе причини и тоа добро го знам. Тренирав неколку денови во Абу Даби возејќи Ферари 458 и тоа одеше сосема добро.“

Сепак, тој нагласи дека возењето на Ф1 болид било одлично искуство за него.