„Зборувам добро шпански бидејќи ги гледав сапуниците кога бев мал“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Стеван Јоветиќ е претставен во Севиља како засилување и го избра бројот 16.

Се работи за позајмица до крајот на сезоната со опција за купување за 14 милиони евра.

На конференцијата за медиумите одговараше на шпански јазик на прашањата на новинарите. Тоа многу ги изненади.

„Зборувам добро шпански бидејќи ги гледав сапуниците кога бев мал“, изјави Јоветиќ.

Изјави дека сака и што подалеку да оди во ЛШ.

„Сакам да му помогнам на тимот да оствари што подобри резултати, да одиме што подалеку во ЛШ и да останеме во врвот во Ла Лига. Не се оптеретувам со бројките, сакам да постигнувам погодоци и асистирам“, заврши Јоветиќ.