Лас Палмас победи, но испадна – Атлетико во 1/4 финале (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид беа поразени на Висенте Калдерон во реванш натпреварот од 1/8 финалето од купот на кралот од Лас Палмас, 2:3

Во првите четириесет и пет минути мируваа мрежите.

На почетокот на второто полувреме Антоан Гризман на асистенција на Гаитан ја затресе мрежата на Лас Палмас.

Неколку минути подоцна Ливаја го израмни резултатот.

Само четири минути стоеше израмнетиот резултат бидејќи Кореа на асистенција на Коке го врати водството на Атлетико Мадрид

Ливаја во 89-та минута повторно израмни, 2:2.

И во финишот на натпреварот Гарсија му донесе победа на Лас Палмас, 2:3.

Со вкупен резултат 4:3 Атлетико Мадрид се пласира во 1/4 финале во купот на кралот.